Нападната политичката канцеларија на заменикот МНР на Грција и пратеник од Нова демократија

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нападната политичката канцеларија на заменикот МНР на Грција и пратеник од Нова демократија

Никој не беше повреден и ова е единствениот утешен елемент на чинот што не е насочен само против поединци, туку против институциите и самиот политички живот, напиша на социјалните мрежи заменик-министерот за надворешни работи на Грција Харис Теохарис на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.

Политичката канцеларија на Теохарис, кој воедно е и пратеник од Нова демократија, беше мета на напад, како што самиот информираше, објавувајќи и фотографии, на кои се гледа дека непознатите лица предизвикале и мал пожар на влезната врата.

Според грчките медиуми, пред вратата бил поставен импровизиран експлозивен механизам. 

Теохарис нагласи дека нападот на канцеларијата што се наоѓа во населба во јужниот дел на Атина е „чичин на кукавичлук, слепо насилство и директна навреда на демократијата“ и изрази доверба во надлежните органи кои, како што напиша, веќе го истражуваат инцидентот дека целосно ќе ја утврдат одговорноста.

Инцидентот го осудија од владејачката Нова демократија и опозициската СИРИЗА. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата