Според RASFF, ризикот е оценет како „сериозен“ и е наредено итно повлекување на производот. Кај пиперките е откриен 0,049 mg/kg (ppm) метомил, додека максималното дозволено ниво е 0,01 mg/kg (ppm) или пет пати повеќе од дозволеното, пишува српски Телеграф.
Метомилот е карбаматен инсектицид кој е воведен во 1966 година и е познат по својата висока токсичност за луѓето, добитокот, домашните миленици и дивите животни. Примерок од контаминираните пиперки е земен на 23 септември, додека Хрватска официјално е известена за проблемот на 3 октомври.
Хрватската агенција за земјоделство и храна сè уште не издаде официјално предупредување за повлекувањето на пиперките, иако ваквите известувања редовно се објавуваат на нивната веб-страница.
Дали овие пиперки можат да се најдат и во Србија?
Во моментов нема официјална потврда дека истите пиперки од проблематичната серија пристигнале и во Србија. Сепак, со оглед на тоа што регионот често има меѓусебно поврзани малопродажни синџири и добавувачи, експертите советуваат претпазливост при купување увезени пиперки, особено ако потекнуваат од Македонија.
Српското Министерство за земјоделство обично спроведува дополнителни гранични контроли и лабораториски тестирања во слични случаи, па затоа се очекува дека доколку постои каков било ризик, јавноста ќе биде информирана преку официјални канали.
Веста за пиперките од Македонија со недозволено високо количество пестицид, ја пренесоа медиумите од целиот регион.