Синоќа во 20:45 часот до полициската управа во Нови Сад пристигнала пријава за првртен пловен објект, стои во соопштението на српското Министерство за Внатрешни Работи. 20 минути подоцна истата пријава пристигнала и до вуковарско-сремската полиција.
Првичните неофицијални информации се дека станува збор за 11 лица кои најверојатно се обидувале нелегално да ја преминат границата. Од нив 10 биле кинески и еден српски државјанин, за кој се претпоставува дека го управувал бродот.
Според информаци на локалните медиуми сите 11 лица се извлечени, а едно од нив е загинато.
Причините кои го предизвикале превртувањето на бродот се засега непознати, но се претпоставува дека на бродот имало повеќе луѓе од дозволеното. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад овој настан го квалификува како кривично дело „недозволено поминување државна граница“ и „криумчарење со луѓе“ и ги презема сите мерки на утврдуање на околностите за настанот. Во потрагата освен дронови, вклучени биле бродови, термовизиски камери, како и полициски кучиња.
Инаку, сличен случај во близина на истото место се случи и во 2019 година при штоа се удавија шест мигранти.