„Важната порака што ја испративме е дека Србија останува посветена на европскиот пат, но и на зачувувањето на добрососедските односи и мирот во Западен Балкан“, истакна Мацут.
Тој нагласува дека учеството на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон биле исклучително важни за Србија.
Мацут нагласи дека „Србија денес е фактор на стабилност и сигурен партнер во регионот“, што беше препознаено и од европските соговорници.
„Берлинскиот процес е важна рамка за зајакнување на економските врски, инфраструктурните врски и подобрување на условите за младите луѓе да останат во своите земји“, рече Мацут.
„Во Лондон разговаравме за конкретни проекти во областа на енергетиката, зелената транзиција и дигиталната поврзаност, како и за понатамошно приближување на земјите од регионот кон единствениот европски пазар“, рече премиерот на Србија.

