Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

26.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

Претседателот на парламентот, Димаљ Баша, по гласањето изјави дека постапката сега бара од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да одлучи за друг кандидат за премиер врз основа на уставните овластувања по консултација со партиите.

Османи има рок од десет дена да назначи нов мандатар, а во случај и тој да не ги обезбеди потребните 61 глас, тогаш го распушта Собранието и распишува нови парламентарни избори. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата