Македонец направил паника на плажа во Грција- сите ја барале удавената сопруга, кога се случил пресврт

4.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонец направил паника на плажа во Грција- сите ја барале удавената сопруга, кога се случил пресврт

Двојката била на одмор во Неа Каликратија, а мажот рекол дека неговата сопруга влегла во вода и дека е исчезната!

Крајбрежната стража на Грција и три приватни бродови веднаш почнале да ја бараат. Сепак, набрзо ја пронашле жената, жива и здрава, на плажата.

Како што напишале сведоците во популарната Фејсбук група Grčka info, жената рекла дека дури и не влегла во морето!

Не е познато дали станува збор за недоразбирање меѓу сопружниците и дали несреќната Македонка ќе трпи некакви последици, објави Телеграф.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата