Полицијата брзо го идентификувала и уапсила 26-годишниот Леонардо Преза, кој имал претходни пресуди за кражба и поседување оружје.
Инцидентот се случил рано вчера наутро, околу 5:25 часот, на лежалки пред хотел на градската плажа. За време на сослушувањето, на кое присуствувал и психолог, девојката рекла дека Преза ја удрил и сексуално ја нападнал, додека осомничениот тврдел дека сексуалниот однос бил со согласност, објави италијански Виргилио.
Повредената девојка веднаш била однесена во болницата во Драч, каде што бил извршен детален медицински и гинеколошки преглед. На нејзиното тело, вклучувајќи ги рацете и вратот, биле пронајдени траги од можна злоупотреба. Бидејќи повредите не биле сериозни, девојката била пуштена дома.
Полицијата продолжува со истрагата, а осомничениот е во притвор.