Хаос во болницата во Котор: Маж го нападнал хирургот, инфектологот го заробил во лекарската соба

6.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во болницата во Котор: Маж го нападнал хирургот, инфектологот го заробил во лекарската соба

Подгорски „ЦДМ“ објави дека по нападот врз него и неговиот колега хирург, инфектологот од болницата во Котор Александар Зекиќ објавил на својот Фејсбук профил дека наместо да се фокусираат на помагање и грижа за пациентите, морале да најдат начин да се извлечат живи.

Тој изјавил дека системот мора да најде начин да се справи со нападите врз лекари, кои станаа широко распространети, или медицинските професионалци да совладаат вештини за самоодбрана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата