Нашата Анастасија Павличек е новата победничка на Miss Teen Galaxy 2023

4.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нашата Анастасија Павличек е новата победничка на Miss Teen Galaxy 2023

Викендов во Банско, Бугарија, се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Galaxy и Miss&Mister Teen Galaxy 2023. Во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваше 17-годишната Анастасија Павличек од Куманово, која направи голем успех освојувајќи ја титулата во конкуренција на претставнички од целиот свет.

Анастасија е членка на модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое беше поддршка на нашата Анастасија во Банско, а во жири-комисијата меѓу останатите национални директори и познати личности се најде и Светлана Црнокрак, како и малата Нина Црнокрак, како победничка на минатогодишниот избор за Мала мис галакси 2022 (Little Miss Galaxy 2022), во жирито составено од минатогодишните победнички.

Анастасија на финалето се претстави во модели на Луме дизајн, специјално изработени за оваа прилика, додека малата Нина Црнокрак носеше модел на М Кутур (M Couture).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата