Францускиот напаѓач од екипата на Барселона, Усман Дембеле, по се изгледа следната сезона кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига. Според „Teamtalk“, Ливерпул е заинтересиран да го ангажира 24-годишниот напаѓач и тоа за џабе.
Со оглед на се потешките преговори за продолжување на актуелниот договор меѓу Барселона и Дембеле, Ливерпул внимателно ги следи случувањата и е подготвен да му понуди договор на фудбалерот во јануари. Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп е голем фан на Французинот.
Договорот на Дембеле со Барселона е со важност до 30 јуни 2022 година. Претходно беше објавено дека раководството на Каталонците врши притисок врз играчот со цел Дембеле да се согласи на продолжување на договорот во блиска иднина.