31-годишниот влијателен поткастер, основач на организацијата „пресвртна точка на САД“ и близок сојузник на Трамп беше погоден во вратот на очиглед на околу три илјади присутни од покрив оддалечен околу 150 метри од бината.
Дали знаете колку масовни убијци имало во Америка во последните 10 години?
-Сметајќи го или не и насилството на бандите? , изјави Чарли Кирк.
Полицијата прво притвори двајца осомничени, но потоа ги пушти. За мистериозниот снајперист не се споделуваат никакви информации, освен дека најверојатно делувал сам. Сепак во јавноста веќе се споделуваат видеа од човек со бела шапка кој наводно му дава на знак на егзекуторот кога да пука.
-Бев можеби 3-4 метри оддалечен кога тоа се случи. Го видов вратот на Чарли и крвта. Веднаш знаев дека нема шанси да преживее. , вели очевидец.
-Сите се покриваа едни со други, затоа што не знаеја дали ќе има уште истрели. , изјави очевидец.
Иако се уште нема официјално осомничен, гувернерот на Јута нема дилеми за мотивите за атентатот.
-Сакам да бидам сосема јасен дека ова е политичко убиство. , изјави Спенсер Кокс, гувернер на Јута.
Американскиот претседател Трамп, кој лани самиот преживеа обид за атентат во Пенсилванија рече дека ова е темен ден за САД и индиректно ја обвини радикалната левица.
-Чарли инспирираше милиони луѓе, а вечерва, сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли беше патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата. Со години, оние од радикалната левица ги споредуваа прекрасните Американци како Чарли со нацистите и најлошите масовни убијци и криминалци во светот. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Кирк, кој имаше над седум милиони следбеници на Инстаграм, за десноориентираните Американци важеше за икона, а за критичарите ширач на лаги и теории на заговор. Беше познат по контроверзни ставови за ковид пандемијата, климатските промени, правото на оружје и антитрансродовите ставови, но и дека преку својата брзорастечка организација регрутирал милиони млади гласачи за изборната победа на Трамп.
-Доналд Трамп одбива да ја прифати лажната и патетична верзија на американскиот сон.
-Ти благодарам, Боже што ни го донесе Доналд Трамп и ни ја врати земјата назад. , изјавуваше Кирк во минатото.
Според американските медиуми, САД во моментов минуваат го живеат на најдолготрајниот период на политичко насилство во последните 50 години. Само во првите шест месеци годинава биле регистрирани над 150 политички мотивирани напади.