Уште пет апсења се извршени во врска со дрскиот грабеж на вреден накит во музејот Лувр во Париз, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко за радиодифузерот РТЛ, со што вкупниот број на приведени осомничени се зголеми на седум, пренесе ДПА.

Осомничените се приведени од регионот на француската престолнина, неколку дена откако две лица беа приведени во текот на викендот во врска со спектакуларната кражба што беше изведена на 19 октомври.
Двајцата претходно приведени осомничени, на 34 и 39-годишна возраст, дадоа делумни признанија, изјави вчера обвинителката, пренесе ДПА.

Во моментов сè уште нема трага од украдениот накит, чија вредност се проценува на 88 милиони евра.

