Вознемирувачко: Човек поверувал во совет на вештачка интелигенција, па завршил во болница

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вознемирувачко: Човек поверувал во совет на вештачка интелигенција, па завршил во болница

По три недели во болница, лекарите му дијагностицирале на пациентот бромизам - ретко и речиси искоренето нарушување предизвикано од изложеност на токсични количини бромид. Оваа дијагноза, карактеристична за почетокот на 20 век, речиси никогаш не се среќава во современата медицина.

Почнал да халуцинира

Во потрага по поздрав живот, човекот решил да го елиминира натриум хлоридот (кујнска сол) од својата исхрана. Наместо тоа, го следел советот на ChatGPT и преминал на натриум бромид, супстанца што сега главно се користи во производите за третман на вода во базени и поранешните седативи.

По кратко време, според извештај објавен во медицинското списание „Анали на интерна медицина“, се појавиле сериозни симптоми - халуцинации, параноја, интензивна анксиозност, па дури и верување дека соседот се обидува да го отруе.

Тој бил примен во болница без претходна историја на ментални заболувања, објавува „Дејли меил“.

Предупредувачка приказна

Овој случај предизвика загриженост во медицинската заедница. Авторите на извештајот предупредуваат дека потпирањето на совети од вештачка интелигенција во областа на здравството може да доведе до последици, особено ако луѓето слепо веруваат во совети кои не се професионални или регулирани.

„Ова е вознемирувачки пример за тоа како дигиталните алатки, без соодветна контрола и едукација на корисниците, можат да имаат сериозни последици по здравјето“, се наведува во студијата.

Експертите потсетуваат дека, без оглед на сите можности што ги нуди вештачката интелигенција, ниеден систем не може да го замени професионалното мислење на лекар или фармацевт. Советите од интернет, дури и оние што доаѓаат од најнапредните модели на вештачка интелигенција, никогаш не треба да се земаат здраво за готово кога станува збор за здравјето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата