Тинејџери од магацин украле Лабубу куклички вредни 30.000 долари- ништо друго не пипнале

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџери од магацин украле Лабубу куклички вредни 30.000 долари- ништо друго не пипнале

Кражбите биле извршени во повеќе случаи во текот на неколку дена, а осомничените се двајца малолетници кои работеле во магацинот.

Крадците во притвор

Украдените кукли биле пронајдени во куќа во Апланд, во внатрешноста на Јужна Калифорнија, објавува АП.

Полицијата добила налог за претрес на куќата, а еден од осомничените тинејџери се обидел да избега, но подоцна се предал.

Вториот осомничен бил уапсен во близок град неколку дена по претресот.

Двајцата биле приведени во малолетничкиот притворен центар во округот Сан Бернардино и обвинети за провала и заговор за извршување провала.

Куклите Лабубу се хит

Детективите пронашле 14 кутии со украдените предмети, како и докази дека осомничените планирале да ги препродадат и испратат фигурите низ целите САД.

Фигурините Лабубу, дизајнирани од уметникот од Хонг Конг Касинг Лунг, за прв пат беа претставени во 2015 година и се продаваат преку кинеската компанија „Поп Март“. Нивната популарност неодамна е во пораст, а само неколку дена претходно, Лабубу куклички во вредност од 7.000 долари биле украдени од продавница во Ла Пуенте, округ Лос Анџелес, во случај кој исто така е под истрага.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата