Во САД извршена уште една смртна казна

15.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во САД извршена уште една смртна казна

Брајант убил тројца мажи за пет дена. На местото на злосторството, тој оставил порака напишана со крвта на неговата последна жртва: „Фати ме ако можеш“.

Тоа беше 43 егзекуција во САД годинава, што е најголем број од 2012 година. Уште три се планирани пред крајот на годината.

Во САД егзекуциите најчесто се извршуваат со смртоносна инјекција. Годинава 35 осуденици се егзекутирани со инјекција, петмина со инхалација со азот, а тројца биле стрелани во Јужна каролина, првпат од 2010 година,

Смртната казна е укината во 23 од 50-те американски држави. Додека во Калифорнија, Орегон и Пенсилванија се почитува мораториум на егзекуции со одлука на гувернерот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата