Видео: Најмалку девет луѓе загинаа при експлозија во полициска станица во Кашмир

15.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Најмалку девет луѓе загинаа при експлозија во полициска станица во Кашмир

Инцидентот се случил по детонацијата на конфискувани експлозиви складирани во полициската станица.

Локалната полиција соопшти дека експлозијата во полициската станица во градот Срингар е несреќен случај и ја исклучи можноста за напад. Несреќата се случи додека полицајци и форензичари го испитувале експлозивот.

Инцидентот се случи четири дена по смртоносната експлозија на автомобил-бомба во Њу Делхи, при што загинаа најмалку осум лица. Индиските власти нападот го класифицираа како терористички чин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата