Во Пекинг средба Си – Мишустин

4.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Пекинг средба Си – Мишустин

- Односите помеѓу Кина и Русија се движат кон развој на повисоко ниво и со поголем квалитет, напредувајќи со сигурност и покрај турбулентното надворешно опкружување, посочи Си на средбата со Мишустин.

Тој додаде дека „одржувањето, консолидирањето и развојот на односите помеѓу Кина и Русија е стратешки избор на двете земји“.

Си наведе дека Русија и Кина можат да ја зајакнат соработката во енергетиката, земјоделството, воздухопловството, дигиталната економија и зелениот развој.

Мишустин потенцира дека е важно двете земји да продолжат да создаваат поволни услови за привлекување меѓусебни инвестиции и поддршка на заеднички проекти.

Рускиот премиер вчера во градот Хангжу имаше средба со кинески колега Ли Чанг, кој наведе дека Пекинг сака да ја интензивира соработката со Русија и да ги заштите заедничките интереси во сферата на безбедноста.

Си и рускиот претседател Владимир Путин во февруари 2022 година, пред нападот врз Украина, прогласија „бесконечно“ пријателство помеѓу Пекинг и Москва. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата