Надлежните оценија дека достигнувањето се должи на многу фактори, но ограничувањата на брзината се едни од најважните з апревенција на фатални сообраќајни несреќи.
Хелсинки во 2021 година ја намали максималната брзина од 40 на 30 километри на час во повеќето станбени области, а ограничувањата беа спроведени со 70 нови камери за брзина. Дополнително во многу делови од градот, патиштата се стеснети и се засадени дрвја кои ги принудуваат возачите да се движат повнимателно низ населените области.
Градот, исто така, инвестираше во нова пешачка и велосипедска инфраструктура, во нови автобуси и нова трамвајска линија, јавуваат локалните медиуми..