Во авганистанската провинција Балх забранет безжичниот интернет за да не се шири неморал

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во авганистанската провинција Балх забранет безжичниот интернет за да не се шири неморал

Со укинувањето на безжичниот интернет без мрежа ќе бидат сите владини канцеларии и јавни институции, како и приватните фирми и домаќинствата во провинцијата Балх, а ќе има мобилен интернет.

- Мерката е да се спречи неморал, а во земјата ќе биде изградена алтернатива за користење на интернет, изјави портпаролот на покраинската Влада Јаџи Атаулах Заид, без да наведе дали забраната ќе се прошири и на другите авганистански провинции.

Тоа е првпат од 2021 година, кога талибанците се вратија на власт, да биде забранет интернетот. Авганистанските власти од време на време ја суспендираат мобилната телефонска мрежа од безбедносни причини, најчесто за верски празници, со цел да спречат детонација на експлозивни направи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата