Видео: Драма на небото над Крф – се запали мотор на авион со 273 патници

19.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Драма на небото над Крф – се запали мотор на авион со 273 патници

Повеќето патници биле германски туристи.

Инцидентот го забележале туристи на плажите, кои го снимале авионот со своите мобилни телефони. Многумина сведочеле дека се слушнал силен и чуден звук, сличен на експлозија.

Десниот мотор откажал и се запалил, но пилотите веднаш го исклучиле дотокот на гориво за да спречат поголема катастрофа. Иако постоела можност за итно приземјување, пилотите донеле одлука да продолжат со летот на еден мотор и да го пренасочат авионот кон италија, каде што безбедно слетале. Одлуката била донесена поради зголемениот ризик од продолжување кон дизелдорф.. Нема повредени патници или членови на екипажот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата