Џенифер Џејкоби поднела тужба против сопствениците на хотелот Палацо откако нејзиниот сопруг Џеф Џејкобс (55) починал од предозирање со фентанил за време на престојот таму во март 2023 година.
Џеф, кој има три деца со Џенифер, патувал од Колорадо во Лас Вегас на деловна конференција кога ја сретнал сексуалната работничка Чејли Кејси во хотелски бар во 1 часот по полноќ.
Кејси била снимена како шета околу казиното со Џеф околу 40 минути. Според Дејли Мејл, Кејси работела за макрото Кашаун Глас, кој исто така бил виден во хотелот.
Џеф во еден момент отишол на каса со Кејси, каде подигнал 1.000 долари, се наведува во тужбата.
Џеф и Кејси потоа отишле во неговата хотелска соба, а Кеси повторно била видена како ја напушта собата само осум минути подоцна.
Џенифер се загрижила за својот сопруг кога тој не и се јавил неколку часа подоцна. Таа се јавила во хотелот и ги замолила да го проверат бидејќи не можела да го добие. Вработените го нашле Џеф во несвест и на подот во бањата.
Починал од предозирање со фентанил, а Кејси го ограбила.
Семејството го тужело хотелот бидејќи веруваат дека тој е делумно виновен за неговата смрт. Велат обезбедувањето требало да го предупреди дека макрото ги следи додека бил со проститутка.
Widow sues Vegas hotel after 'soulmate' husband died during $1,000 encounter with s*x worker. pic.twitter.com/rhupH9odc1
— Daily Mail Online (@MailOnline) March 10, 2025
Кејси и Глас имаат историја на „таргетирање на гостите на хотелот за да ги ограбат “, за што добро знаеле казино операторите, се наведува во тужбата.
Кејси и Глас се обвинети за убиство откако биле обвинети дека на жртвата ѝ дале смртоносна доза.
Глас е осуден на 50 години затвор, а по 20 години може да биде условно пуштен.
Кејси беше осудена на 20 години, но можеше да биде условно пуштена по одлежувањето на осум.
Не се знае колкава отштета бара семејството од хотелот во тужбата.