Вадефул ги повика Хамас и Израел да го почитуваат мировниот план

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вадефул ги повика Хамас и Израел да го почитуваат мировниот план

- Сите напори сега мора да бидат фокусирани на исполнување на очекувањата на луѓето во целиот регион, наведе Вадефул пред да тргне на повеќедневна посета на Блискиот Исток.

Тој го повика Хамас да ги исполни своите обврски од мировниот план, според кој палестинската екстремистичка група треба да се разоружа и да ги врати останките на сите израелски заложници.

Вадфул исто така го повика Израел да покаже „воена воздржаност за да се спречи повторно страдање“.

Според палестински извори, во израелски напади врз Појасот Газа во текот на ноќта загинале најмалку 50 лица, меѓу кои и 22 деца, а повредени се околу 200 луѓе. Израелската армија, пак, соопшти дека во борби на југот од Појасот Газа бил убиен еден нејзин војник. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата