Ужас на православни гробишта: Гладна мечка раскопува гробови и јаде човечки останки (ВИДЕО)

18.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас на православни гробишта: Гладна мечка раскопува гробови и јаде човечки останки (ВИДЕО)

Бизарната вест е објавена на 15 септември од страна на Телеграм каналот Маш, наведувајќи дека властите реагирале.

Потрагата продолжува

На ловците во блискиот град Златоуст им било наредено да започнат со пребарување на сите гробишта, а Министерството за екологија издаде официјална дозвола за заробување на животното, објавува Вечерњаја Москва.

Сепак, и покрај интензивните пребарувања, мечката досега не е пронајдена. Граѓаните се загрижени, бидејќи не се знае каде следно ќе се појави.

Напад на оддалечена фарма

Руските медиуми објавуваат дека само неколку дена претходно, на 9 септември, кафеава мечка нападнала фарма во Арктичкиот круг.

Таа ја урнала заштитната електрична ограда, неколку кошници, јадела мед и уништила колонија пчели. Сопствениците потоа морале да ја зајакнат оградата за да спречат слични инциденти повторно да се случат.

Експертите ширум светот го објаснуваат ова и слично однесување на мечките со намалувањето на природните живеалишта и изворите на храна на животните, поради што тие почесто влегуваат во урбаните средини.

Властите апелираат до граѓаните на Златоуст и околните области да бидат претпазливи додека трае потрагата по дивата ѕверка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата