Туск: НАТО останува темел на безбедноста и покрај тензии со САД

10.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Туск: НАТО останува темел на безбедноста и покрај тензии со САД

Во интервју за весникот Газета Виборча, Туск нагласи дека НАТО и понатаму останува од суштинско значење за безбедноста на Полска и на Европа.

– НАТО со години ја докажа својата ефикасност на бројни места и во различни ситуации. Денес алијансата можеби се наоѓа во предизвикувачки период, но таа останува темелот на нашата безбедност, изјави Туск.

Тој додаде дека соседите на Полска, кои „не секогаш биле пријатни“, со текот на времето станале лојални сојузници, истакнувајќи дека денес Полска, Германија, Украина, Чешка и Шведска стојат „рамо до рамо“, заедно се вооружуваат, тренираат и имаат „јасно дефиниран заеднички непријател“.

Иако американскиот претседател јавно ја изрази својата поддршка за НАТО, тој повеќепати ги критикуваше европските земји поради недоволното финансирање на одбраната и нивната зависност од американската воена поддршка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата