Турското обвинителство побара казна од над 2.000 години за поранешниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турското обвинителство побара казна од над 2.000 години за поранешниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу

 Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во случајот за создавање и раководење организирана криминална група од страна на поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, при што наведе вкупно 402 обвинети, од кои 105 се во притвор, и побара казна за Имамоглу од 828 до 2.352 години затвор, објави весникот „Хуриет“.

Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна општинскиот совет во Истанбул привремено го отстрани од функцијата. Во рамките на истрагата за корупција во Градската општина Истанбул беа задржани и голем број општински службеници. Апсењата предизвикаа бран протести, опишани како најголеми во Турција од 2013 година.

Во средината на октомври, турското обвинителство заврши уште една истрага за корупција, поднесувајќи обвинителен акт од вкупно 576 страници против 200 лица, вклучувајќи и седум градоначалници од опозициската Републиканска народна партија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата