Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

6.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

„Како резултат на интензивните и континуирани истражувања во наоѓалиштето Алаџахан кај Сивас, ‘Ермаден’ откри значителен потенцијален ресурс од 424.000 унции злато. Ова го сметаме за прв и важен плод на нашата стратегија и посветена работа,“ се наведува во изјавата на претседателот на управниот одбор на компанијата, Мурат Јалчинташ.

При моменталните цени на златото од околу 4.000 долари по унција, вкупната вредност на откриеното злато се проценува на околу 1,7 милијарди американски долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата