Трамп во интервју за Си-Би-Ес: Си Џинпинг ги разбира последиците од евентуална кинеска инвазија на Тајван

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп во интервју за Си-Би-Ес: Си Џинпинг ги разбира последиците од евентуална кинеска инвазија на Тајван

Трамп ова го соопшти во интервју што денес го емитуваше американската телевизија Си-Би-Ес (CBS).

-Ќе знаете доколку тоа се случи, а тој го разбира одговорот на ова прашање, одговори американскиот претседател кога беше прашан дали САД би интервенирале во случај на потенцијален воен напад од страна на Пекинг врз Тајван, додавајќи дека кинескиот лидер ги разбира „последиците“ од таквата интервенција.

Пекинг го смета Тајван за отпадник и своја територија, а Вашингтон ѝ дава најголема поддршка на оваа земја.

Трамп рече дека Тајван не бил споменат за време на неговата средба со Си Џинпинг во Јужна Кореја во четвртокот.

Американскиот претседател во интервју снимено во петокот и емитувано денеска во емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес, изјави дека не може да ги „открие своите тајни“, прецизирајќи дека „другата страна е информирана“.

Автономијата на Тајван е една од причините за тензиите меѓу Кина и САД, а Трамп и Си се чинеше дека ја избегнуваат за време на состанокот, фокусирајќи се на ублажување на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата