Тема на разговорите е повикот за дополнителни санкции на САД против Русија и придонесот на секоја од нив кон идните безбедносни гаранции за Украина, објавува „Ле Фигаро“.
Повеќе од 30 лидери на „Коалицијата на одлучните“ претходно одржаа состанок во Елисејската палата во Париз, со кој претседаваше францускиот претседател Емануел Макрон заедно со британскиот премиер Кир Стармер.
Претходно, француските медиуми објавија дека специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, кој претходно ја напушти Елисејската палата, ќе се придружи на повикот.
Тој, во меѓувреме, одржа одвоена средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.