Трамп и првата дама Меланија беа пречекани од принцот и принцезата од Велс, а потоа и од британскиот крал Чарлс и кралицата Камила.
Трамп и неговата сопруга синоќа допатуваа во Велика Британија, а утрово со хеликоптер пристигнаа во Виндзор.
Тоа е втора посета на Трамп на Велика Британија, првата беше за време на неговиот прв мандат. Посетата се одвива зад затворени врати без интеракција со јавноста.