Во документите се наведува дека тоа би претставувало значително проширување на улогата на армијата во полицискиот надзор врз граѓаните на САД.
Меѓу нив се наоѓа и непотпишан нацрт-меморандум на министерот за одбрана Пит Хегсет, упатен до државната обвинителка Пем Бонди и секретарката за национална безбедност Кристи Ноем, во кој се образложува „уникатната предност“ од предложениот пристап на Пентагон.
Планот би ѝ овозможил на војската да ги зајакне полициските сили во градовите како Њу Орлеанс и Батон Руж, доколку гувернерот Џеф Ландри, републиканец кој ја поддржа идејата, побара таква помош од федералната влада.
Претседателот Трамп во гостување на „Фокс њуз“ најави дека размислува и за слична мобилизација на Националната гарда во Мемфис, град кој, како и Њу Орлеанс, го води демократски градоначалник. Тој оцени дека во двата града има високо ниво на насилство.
- Њу Орлеанс е во многу лоша состојба, а гувернерот сака да интервенираме. Тоа можам да го средам за десетина дена, рече Трамп.
Планот на Пентагон предвидува распоредувањето на Националната гарда во Луизијана да трае до 30 септември 2026 година – многу подолго од времескиот рок што го спомена Трамп.
Пентагон ја потврди автентичноста на документите, но не даде коментар.