-Ќе работиме многу напорно со (севернокорејскиот лидер) Ким Џонг Ун и сите други за да ги решиме проблемите, бидејќи тоа има смисла, рече Трамп на средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг.
Двајцата претседатели разговараа во Гјонгџу, Јужна Кореја, пред самитот на Азиско-пацифичката економска соработка.
Трамп рече дека не можел да „го најде вистинскиот момент“ за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговото патување, кое е предвидено да вклучува и средби со кинескиот претседател Си Џинпинг.

