Трагедијата се случила во Александрија, вториот по големина град во Египет, а службите за итни случаи брзо се упатиле на местото на настанот по пријавите за несреќа и ученици кои се борат за живот во водата, потврди Министерството за здравство во Каиро.
Сепак, шест деца се прогласени за мртви на плажата Абу Талат, популарна туристичка дестинација, и покрај големите напори на спасувачките екипи и распоредувањето на 16 амбулантни возила, објави „Дејли меил“.
Најмалку 24 деца се повредени, тројца од учениците биле згрижени на самата плажа, додека уште 21 биле однесени во болница. 13 од нив биле однесени во специјализирана болница во Агами, додека осум биле згрижени во Општата болница Амрија.
Six students drown and more than a dozen injured during school trip to Egyptian beach https://t.co/0Opy9HwC7U
— Daily Mail (@DailyMail) August 23, 2025
Халед Абдел Џафар, министерот за здравство и население, изјави дека сите итни медицински услуги се достапни за учениците и дека тој лично го следи одговорот на службите за итни случаи и обезбедувањето медицинска нега. Властите во Александрија потоа наредија затворање на плажата.
Низ целата област се поставени црвени предупредувачки знамиња за да се обесхрабри јавноста да влегува во морето поради опасни бранови и силни струи. Започната е истрага за училишната ексурзија, а службените лица испитуваат дали се преземени соодветни безбедносни мерки.
Трагичната несреќа се случува само неколку месеци откако шест туристи загинаа кога подморница потона во Црвеното Море. Сите жртви беа Руси, додека 39 туристи беа спасени.
Туристичката подморница, наречена „Синдбад“, превезуваше 45 туристи, вклучувајќи деца, кога несреќата се случи во близина на пристаништето на хотелот „Синдбад клуб“ во египетското одморалиште Хургада.
Во меѓувреме, најмалку 11 лица загинаа кога брод со 30 туристи, вклучувајќи Британци, потона во Црвеното Море во ноември.
Бродот наречен „Морска приказна“ исплови од пристаниште во близина на Марса Алам на петдневно нуркачко патување, со 44 лица на бродот, вклучувајќи 13 членови на екипажот.
Тројца Британци исто така загинаа откако избувна пожар на брод за нуркање покрај брегот на Марса Алам во Црвеното Море во Египет во јуни 2023 година.