Таткото, за кого се мислеше дека загина во Лисабон, е жив- позната е националноста на сите 16 жртви

5.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таткото, за кого се мислеше дека загина во Лисабон, е жив- позната е националноста на сите 16 жртви

Меѓу жртвите се пет португалски државјани, тројца Британци, двајца Јужнокорејци, двајца Канаѓани, како и по еден државјанин на Швајцарија, Украина, САД и Франција, јавува Радио-телевизија Португалија.

Полицијата, исто така, прецизираше дека германскиот државјанин кој претходно беше прогласен за мртов е сè уште жив и хоспитализиран во болницата Сао Хозе во Лисабон, и дека човекот е извлечен од урнатините.

Бројот на жртви сега официјално е 16, наместо 17 како што претходно објавија медиумите.

Според PJ, жртвите се идентификувани врз основа на научни методи во соработка со Националниот институт за судска медицина и судски науки.

Жолтата жичница излетала од шините за време на вечерниот шпиц во среда, 3 септември, околу 18 часот по локално време и удрила во зграда во центарот на португалската престолнина додека превезувала повеќе од 40 лица.

Фуникуларот во центарот на португалската престолнина, познат како Елевадор да Глорија, е популарна туристичка атракција, особено во текот на летната сезона.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата