Тајфунот Калмаеги усмрти најмалку пет лица во Виетнам

7.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајфунот Калмаеги усмрти најмалку пет лица во Виетнам

 Виетнамските централни провинции Дак Лак и Џа Лај беа погодени од обилни дождови и ветер со брзина до 149 километри на час.

Невремето предизвика  прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се шест аеродроми и откажани се стотици летови. Железничката линија во Куанг Нгаи е оштетена, а поплавени се голем број куќи. 

Владата на Виетнам соопшти дека мобилизирала повеќе од 268.000 војници за пребарување и спасување и предупреди на потенцијални поплави во ниските области и лизгање на земјиштето.

Тајфунот Калмаеги е 13-та бура што во погоди Виетнам оваа година.

Претходно, Калмаеги на Филипини усмрти 188 луѓе и предизвика голема материјална штета.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата