СВТ: Речиси 123.000 летови беа цел на руското попречување на сигналот

6.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СВТ: Речиси 123.000 летови беа цел на руското попречување на сигналот

Според извештајот на SVT, кој денес го емитуваше финскиот телевизиски сервис Yle, пречките влијаеле на летовите на 365 авиокомпании.

SVT се повикува на извештај доставен од земјите од регионот на Балтичкото Море до Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во кој се вели дека инциденти со пречки се пријавени во воздушниот простор на Шведска, Финска, балтичките држави и Полска.

Инцидентите се опишани како растечка закана за безбедноста на летовите, а минатиот април, во просек 27,4 проценти од летовите во регионите биле попречувани.

„Сметаме дека ситуацијата е сериозна бидејќи гледаме дека случаите на пречки продолжуваат да се зголемуваат“, изјави за SVT Андреас Холмгрен, раководител на единицата во Шведската транспортна агенција.

Според SVT, властите успеале да го пронајдат изворот на пречките од Русија, а било откриено дека сигналот за пречки доаѓаат од Калининград, Санкт Петербург, Смоленск и Ростов. Европските власти ги повикаа авиокомпаниите да ја зголемат својата подготвеност поради зголеменото блокирање на сигналот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата