Страшно злосторство во Италија: Украински готвач го убил и распарчил својот колега и пријател од Бангладеш

26.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшно злосторство во Италија: Украински готвач го убил и распарчил својот колега и пријател од Бангладеш

Уапсениот Шурин Дмитро работел како готвач во ресторан во Сполето, додека 21-годишниот Сагор му бил асистент, објави телевизијата Раи.

Сагор, по потекло од Бангладеш, исчезнал на 18 септември, а неговото распарчено тело било пронајдено во понеделникот во кеса.

Обвинителството во Сполето наредило апсење на Дмитро, кој бил под истрага. Тој е обвинет за убиство, попречување на правдата и прикривање на труп.

Како што објави главниот обвинител Клаудио Чичела, клучните докази во случајот се добиени благодарение на информации од познаници на жртвата и соседи на осомничениот.

Обвинителството соопшти дека јасни докази се собрани и со преглед на снимки од безбедносните камери од близина на местото на настанот каде што е пронајдено телото на жртвата и велосипедот што го возел.

Полицијата го претресе домот на осомничениот Украинец, за кој се верува дека го убил и распарчил Сагор во својот дом, само стотина метри од местото каде што е пронајдено телото на жртвата.

Сагор дошол во Италија од Бангладеш пред две години и живеел во засолниште од каде што исчезнал. Истражителите продолжуваат да ги истражуваат околностите околу убиството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата