Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледаат порои од каллива вода како се шират низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, Шпанија, носејќи сè на својот пат, објави Би-Би-Си.
Destructive flooding right now in Godall, Tarragona Province, Catalonia, Spain.
— #كابتن_غازي_عبداللطيف (@CaptainGhazi) October 12, 2025
pic.twitter.com/iLik2HbjXj
Суровите временски услови ја натераа националната метеоролошка агенција на Шпанија, АЕМЕТ, да издаде црвено, највисоко ниво на предупредување за крајбрежниот регион. За среќа, досега нема извештаи за смртни случаи или повредени.
Каталонската агенција за цивилна заштита ги повика жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да останат дома. АЕМЕТ предупреди дека во областа може да наврнат до 180 милиметри дожд за само 12 часа.
„Ситуацијата е комплицирана и се предвидуваат уште дождови“, изјави Кристина Висенте, висок службеник во агенцијата, според Ла Вангуардија.
Devastating flooding is currently occurring in La Ràpita, Montsià, Catalonia, Spain.
— Renalee (@rena_lynnx) October 13, 2025
📷 Jamila Moussaoui Jannati pic.twitter.com/1nVKHo7VXC
Невремето, исто така, предизвика прекин на железничките услуги на Медитеранскиот коридор, кој ги поврзува градовите како Барселона и Валенсија, до понатамошно известување.
Во последните денови, обилни дождови и поплави погодија и неколку други региони во југоисточна Шпанија, вклучувајќи ги и Балеарските Острови. Екстремното време е предизвикано од бурата Алис, која се формираше во западниот Медитеран.