Полицијата вели дека на автомобилите имало налепници со политичка содржина на задните стакла. Германските истражители се сомневаат дека серија вандализам во Германија, првично обвинети како радикални климатски активисти, всушност е дел од саботажа организирана од Русија, се вели во написот објавен од Der Spiegel.
Повеќе од 270 автомобили се оштетени во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг. Мажите, прскале изолациона пена во издувните цевки на автомобилите, што ги направило неупотребливи.
Ослободени се од притвор четворица млади момчиња од српска, романска, хрватска и босанска националност, соопшти обвинителството, кое се уште не сака да ги коментира „намерите“ на овие злосторства бидејќи истрагата е во тек.
Според „Шпигел“, една од целите на истрагата кажала дека им пришол руски државјанин преку апликацијата за пораки „Вајбер“ за да извршат такви напади, во замена за 100 евра за секој вандализиран автомобил. Згора на тоа, рускиот државјанин наводно дури и им ветил правна поддршка доколку бидат фатени.
Германското издание забележува дека безбедносни извори зборуваат за насочена кампања која има за цел да ги сврти германските гласачи против Зелените на предвремените избори на 23 февруари.