Мафијашки бос е изрешетан на автопат, француските полицајци нашле запален автомобил

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мафијашки бос е изрешетан на автопат, француските полицајци нашле запален автомобил

Според весникот „Паризиен“, станува збор за Жан-Пјер Мулдери, кој на властите на Гренобл им бил добро познат по тешките злосторства, како и неговиот брат Роберт.

На местото на настанот биле присутни претставник на обвинителството и истражители кои прибирале докази.

Поради инцидентот сообраќајот на овој патен правец бил делумно во прекин, објави Фигаро.

Малдера бил во БМВ и го гонеле луѓе во украден Меган РС кои потоа пукале во него.

Автомобилот подоцна бил пронајден изгорен неколку километри подалеку. Засега не се познати други детали за случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата