Досие

Случај Штекли: ОВА Е СЛИКАТА НА НАРКО ПАТОТ ВО МАКЕДОНИЈА, подлабоко е од што се мислело

19. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Случај Штекли: ОВА Е СЛИКАТА НА НАРКО ПАТОТ ВО МАКЕДОНИЈА, подлабоко е од што се мислело

Со години наназад немало акција за масовна борба против дилерите на дрога. Општо е познато дека функционери на минатата власт, почнувајќи од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и низа други од СДСМ и ДУИ одржуваа контакти со дилерите, се среќаваа и сликаа со нив на јавни места, и само кога групата дилери кои се под заштита на полицијата имаше проблем со нови играчи на тернот ќе се случеше некое апсење на двајца-тројца од противничкиот табор. Од десетиците такви јавно познати фотографии ја објавуваме, за пример, оваа на која Талат Џафери, претседателот на тогашното собрание, е во ресторан со Јетон Кривањева Жила, убиен во нарко пресметка во старата чаршија во Скопје.

При акцијата за Штекли фатен е и информатор од МВР кој доставувал информации до дилерите за полициските акции и одземен му е телефонот. Кртот од полицијата за пари соработувал со Штекли, но и со нарко кланот Беланоца. Работите почнаа да се менуваат од корен. Дилерите се гонат масовно, од врвот до дното.

На 18/19.01.2025 година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции по повеќе месечно криминалистичко истражување спроведе полициска акција, во која е сузбиена 14 (четиринаесет члена) организирана криминална група составена од лица од Скопје, на чело со познатиот дилер Раде Трајковски Штекли (41), уапсен во Гевгелија при обид за бегство. 

Штекли е познато лице во светот на дилерите. Три пати преживеал обид за убиство по познатите пукања во молот Ист гејт, последен пат лани во ноември кога во дворот на неговата куќа во Керамидница е фрлена бомба а тој заврши во болница со повреди. 

Пресметките на нарко дилерите од клановите Барон/Беланоца и Дуќанџик траат со години, а меѓу дилерите е јавна тајна дека изминатите години полицијата соработувала со чаирската група Дуќанџик и Барон, а кога ќе затребало апсела припадници на арачиновците од другиот клан или дилери за кои шефовите на кланот сметале дека ги поткраднуваат бандите.

Дуќанџиќ“ – името го добила од скопското маало во близина на Бит-пазар и пластичарската улица, од каде што е водачот на оваа група, која прибирала и лица и од други скопски населби. Повремено, ако има интерес, им се придружуваат и припадници на кланот “Барон“ кои, пак согласно интересот, повремено соработуваат и со кланот “Беланоца“.

Беланоца“ – името го добила според кумановското село Белановце, кое на албански се вика Беланоца, од каде што потекнуваат основачите на овој клан и нивните наследници.

Трите обиди за убиство на Штекли се поврзуваат со нарко кланот Барон/Беланоца, иако за третото постојат и други информации. Кланот Барон е именуван по кафич во Чаир, помеѓу останатото, има и повратници од војната во Сирија и се бори за преземање на дилерскиот бизнис со кланот Дуќанџик поради што во 2023-та е во Грција е убиен Орхан Ибраими Оки

Според деталите објавени во грчките портали, двете маскирани лица стигнале во изнајмениот апартман со мотор, во луксузниот хотел Сани Вилас во Ханиоти на Халкидики во Грција и испукале 20 куршуми. Бајрами починал на лице место, а Сеад Слезовиќ е повреден. Двајцата требало дента на пладне да го напуштат хотелот.

На убиството на Орхан Ибраими Оки му претходеа две убиства: во скопскаиот кафич Шиша бар на еден од главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, Јетон Кривањева Жила и Енес Исеинов Љаци од истата група, а дел од куршумите завршил во нозете на трето лице што седело со нив. 

Потоа, во Приштина беше изрешетан Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил со македонски регистерски таблици.  Даци бил осомничен за убиството што се случи во „Шиша бар“, објавија косовските медиуми.

Даци во Приштина беше изрешетан со калашников, но и главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“ блиски до Оки, беа изрешетани со калашникови. Бљерим Даци во Косово употребувал лажни документи, па го сменил презимето во Бљерим Шабани. Од МВР во времето на Оливер Спасовски не објаснија од каде му се на Даци лажните лични документи. Даци во Македонија бил во куќен притвор за недозволено изработување, држење и тргување со оружје, потврдија од Кривичниот суд.

Симптоматично е дека во времето на владеење на СДСМ и ДУИ убиствата на нарко дилерите противничката група ги најавуваше преку социјалната мрежа Тик Ток, и никој во полицијата не презема ништо за тие најави да се проверат, анализираат и да се преземе акција против пукачите или истрага за таргетираниот Раде Штекли кој, очогледно, бил важен член на нарко бизнисот. Никој од лидерите и главните организатори на нарко дилерите никогаш не е осуден на казна која до крај ја издржал во затвор.

Радио Слободна Европа пренесе објава на албанската ТВ Ора дека има прислушувања кои покажуваат дека високи функционери од владејачката коалиција во Македонија директно интервенирале за да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога преземена од странска агенција. Телевизијата објавува дека бил вмешан и Трајче Заев, брат на поранешниот премиер. Владејачките партии, но и Зоран Заев не се огласија. Во прилог со наслов: „Аудио снимките што го загрижија Трајче Заев: Не ја издавајте книгата!“.

Порталот Вечер.мк објави две анализи уште на 17 септември 2019 и во јануари 2021 за организирна акција на американската агенција за борба против нарко трговијата, ДЕА почнати уште во 2018-та, во соработка со македонската полиција но, Оливер Спасовски и Зоран Заев ја разбија групата на ДЕА во МВР со смена на Лазе Велковски, директорот на бирото за јавна безбедност. 

Дека власта на СДСМ и ДУИ имале директна соработка и комуникација со избрани нарко дилери на чаирската нарко група покажува и настанот со украдената марихуана од магацин во Јосифово, во 2020 година, време кога беше врв на производтсво и трговија со марихуана која според подознежните информации била под контрола на семејството Заеви. 

Проценките се дека украдените два тона марихуана чинат околу 6 милиони евра. Сопственик на марихуаната била фирма Херб индустри регистрирана во Јосифово.

Имено, товарот таму бил сместен во камион во 230 кутии кој заминал од погонот рано утрината во четвртокот, а чуварот пријавил дека станува збор за грабеж. Грабежот беше удар на интеерсите на кланот Заеви и полицијата влезе во Арачиново да ја одземе и врати марихуаната на сопственикот. Според изјава на сега суспендираниот шеф на Вишото обвинителство во Скопје, Мустафа Хајрулаи, и покрај неговото инсистирање за истрага околу марихуана фатена кај арачиновци тоа не се случило бидејќи надлежниот обвинител ја запрел истрагата.

Финално, владата на Зоран Заев, на општина Арачиново и исплати вкупно еден милион евра, две уплати од по 500.000 евра, од кои едната во декември 2020-та, во исто време кога полицијата ја одзема марихуаната од Арачиново, како “помош“ за ковид кризата иако ниту една општина во Македонија не доби такви пари за таа намена. Јавноста оцени дека милион евра од буџетот се платени за да се врати марихуаната на кланот Заеви.

Тогашниот премиер Зоран Заев потврди дека дел од вкупно 2 тони марихуана што беа украдени од фабрика за канабис завршиле на Косово, јави порталот Зери од Приштина. Во Арачиново полицијата од два тона заплени само околу 250 килограми марихуана.

Една година подоцна, Арачиново доби уште половина милион евра од буџетот за реконструкција на патната инфраструктура потоа на сметката во општината Арачиново легнаа уште 1,1 милион евра за санација на одводен канал. Вкупно, за две години, владата на Заев го “частела“ Арачиново со 2 милиони евра. Да постетиме, украдените два тона марихуана од Јосифово вределе околу 6 милиони евра.

Донациите кои Владата на Заев и ги давала на Арачиново се “инвестиција“ во општина која воопшто не собира пари од данок на имот, а според ЕВН има и големи кражби на струја. Фактите докажуваат како функционирал рекетот и соработката на нарко дилерите од Арачиново и кланот Заеви кој користел моќ и пари од државата за таа соработка.

Соработката на Зоран Заев и СДСМ со дилерите од Арачиново е и пред тие да дојдат на власт. Во март 2017-та извршена е голема полициска акција во која полицијата привела повеќе лица кои се сомничат за шверц на дрога, меѓу кои е и братот на претседателот на општинската организација на СДСМ во Арачиново, од тогашната полиција упасени се и тројца прилепчани со иницијали Ф.П., М.К. И В.В., едно лице од битола со иницијали И.Т., како и Н.Х. од Сингелиќ и Е.З. од Арачиново. Првоосомничениот имал блиски контакти и со коалициониот партнер на Зоран Заев, Зијадин Села.

Клучот е кога Газменд Бериша, зет за ќерка на пратеничката од СДСМ Ѓуленсен Касапи, во јануари 2020 година е поставен на функција началник на единица за трговија со дрога во рамки на секторот за борба против организиран криминал. Неговото поставување беше спорно за директорот Лазе Велковски кој не го одобруваше но, по елиминацијта на Лазе Велковски Бериша ја доби функцијата. Бериша, во МВР, го сметаат за близок со групата Грчец и убиениот Жила. 

Газменд Бериша неколку пати бил пред дисциплинската комисија на МВР. Во април/мај 2019 МВР има акции на следење дилери при што се употеребени и мерки за прислушкување, ПИ мерки, при што се дошло до сознанија дека дел од дилерите имаат комуникација со тогашниот началник на НТШ Газменд Бериша и разменуваат информации и совети.

Постои и соменвање дека имал средби во Чаир со дилерите а, според прислушкуваните разговори на дилерите, постои и сомневање за финансиски поткуп. Сомневањата одат до таму дека дилерите организирале тепање на Газменд Бериша и уште еден инспектор од НТШ поради тоа што не добиле на време информација, дојава, поради што против нив криминалистичката полиција во периодот септември/ноември имала две акции.

Според инспектори во НТШ, како и одговорни во внатрешната контрола на МВР, најмалку четири полициски акции против дилери биле пропаднати бидејќи дилерите имале дојава од внатре во МВР и навреме избегале. Последната голема акција против дилери во Грчец, од декември 2019, пропаднала бидејќи и тогаш главните дилери имале дојава за доаѓањето на полицијата.

Прва одлука која Газменд Бериша ја донел по стапување на новата функција е наредба да му се предадат сите предмети водени против дилери за последнава година дена, меѓу кои и изводи од ПИ мерки за следења и снимања и имиња на соработници на МВР меѓу дилерите и корисниците на дрога. Со ова тој има целосен увид и информации кои се неопходни за дилерите за да расчистат и меѓу себе и спокојно да продолжат со работа

Овие сознанија на внатрешната контрола на МВР се игнорирани, но документацијата се уште постои. Една од можните причини зошто на Газменд Бериша му се простувало сето ова е и неговата семејна врска, тој е зет на пратеничката од СДСМ Ѓулемсер Касапи. Освен овие наоди на внатрешната контрола Газменд Бериша не го исполнува ниту формалниот услов за именување на новата функција.

Имено, според интерниот оглас за началник на единица за борба против дрога при Организиран криминал неопходно е да има завршен факултет за безбедност, а Газменд Бериша има заврешно Педагошки факултет, а потоа учел на ФОН. На решението треба да му претходи одлука на Комисија за кадровски прашања при МВР која во случајов ја нема.

Во 2021 година запленета е дрога во акција на американската агенција ДЕА во вредност од 800.000€, во бело комбе со грчки таблици, во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис "Медикал 420". Пратечките возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев и Кире 'Чипсио' Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп. Според обвиненето дрогата била наменета за Грција.

Медимуите со оваа дрога го поврзуваа братучедот на Зоран, Трајче Заев. Тој изјави деке не избегал од Македонија туку бил во Дубаи (Арапските емирати) по работа. „Јас сум на службено патување од 23 март во Обединетите Арапски Емирати, со цел проширување на работата на нашите компании, отварање нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка“, вели Трајче Заев.

Полицијата на новата власт, предводена од министерот Панче Тошковски, поддржана од другите надлежни владини ресори, ја разбива и нарко групата од Грчец. Двајца припадници на МВР и еден соработник на криминалната група, во ноември лани беа уапсени во полициска акција, биле „фатени“ на „Скај“ комуникација, која се смета за клучна во откривањето на криминалната група Грчец, предводена од Шеваљ Муареми, кој сè уште е во бегство. Шеваљ е само еден од нарко босовите кои важат за блиски до СДСМ и помагатели во изборните процеси, а кои избегаа откако некој од внатре, од МВР, им дојавил. Шеваљ е во Дубаи, а во Дубаи престјува и поранешниот премиер Зоран Заев. Не е познато дали колку се дружат.

Низа информации и фотографии докажуваат контакти и блискост на поранешниот МВР предводено од Оливер Спасовски и Зоран Заев, како оваа заедничка средба на која се и луѓе од кланот Грчец која се појави во медиумите, а за која Спасовски не даде објаснување, иако долго се инсистришае на тоа.

Да се вратиме на последното апсење на Штекли. Раде Трајковски Штекли почнува со нарко дилерството одамна, влегува во групата на Беланоца, односно Беланоца/Барон и работи со нив. Криминалот му повеќенаменски, во Италија е апсен и суден за местење фудбалски натпревари, а со дрогата работи во Македонија и надвор.  

Се враќа во Македонија пред неколку години, се врзува со групата Беланоца (Арачиново и Синѓелиќ) како и кланот Барон (од Чаир и Бутел) и работи за нив против групата од Грчец, но набргу доаѓа до спор помеѓу нив околу пари и потоа од групата Грчец и Дуќанџик вршат два обида за убиство во Ист гејт. Последниот напад со фрлена бомба во дворот на Шекли се смета за напад од групата Беланоца со која Шекли, во меѓувреме, има нов спор и со нив за исплата на пари од дрога. 

По апсењето кај Штекли во домот се пронајдени значитени колчества дрога но, и недозволено оружје. За човекот има три обиди за убиство на јавно место од страна на нарко клановите... Но, полицјата пред да дојде Панче Тошковски не знаела за тоа, не преземала ништо дури ни кога се пукало врз Штекли на јавно место, во Ист гејт, каде се присутни стотици луѓе секој ден. Времињата, очигледно се менуваат и тоа е она што јавноста го очекува во однос на дилерите и нарко кринималот. Борба против нив.

Чекаме само одговор од обвинителството и судовите, дали и понатаму ќе бидат во функција на СДСМ и ДУИ кои ги поставиле каде што се, кон кои имаат “оврски“ и за кои работат и им извршуваат политички и криминлани нарачки со години што јавноста го гледа и затоа им дава доверба од само 2%, или ќе го видиме законот на дело, како што на дело ја гледаме полицијата од јули па наваму.

Вечер.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата