Хипер: ЕУ подготвува нов 17-ти пакет санкции кон Русија

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хипер: ЕУ подготвува нов 17-ти пакет санкции кон Русија

 Европската Унија подготвува 17-ти пакет санкции поврзани со руската агресија врз Украина и посветено работи на постигнување на целата за слабеење на Русија, најави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.     

- Санкциите против Русија функционираат. Тие ја поткопуваат руската економија и токму тоа сакаме да го постигнеме. Сакаме да постигнеме дека рускиот агресор е слаб, а Украина е силна. Затоа имавме 16 пакети санкции, кои беа усвоени едногласно, а сега работиме на 17-от, истакна Хипер. 

На прашање дали ЕУ има „План Б“ доколку воведувањето на новиот пакет санкции биде блокиран од некоја земја членка, Хипер истакна дека Комисијата напорно работи навремено да биде постигнат договор за рестриктивните мерки и не би сакала да коментира можни сценарија, додавајќи дека Русија е агресорот во овој конфликти и мора да плати за сите сторени злосторства. 

Хипер нагласи и дека Европската Унија не ги коментира одделните тековни дискусии поврзани со Украина, но останува на ставот дека за одредени мировни услови да бидат прифатливи, со нив мора да се согласат украинските власти и ЕУ е тука да го поддржи Киев околу ова прашање. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата