Тој на својот профил на социјалните мрежи „Икс“ објави фотографија од вчерашната средба меѓу Трамп, Зеленски и Џеј Ди Венс.
На таа фотографија е испишан натписот „Каде се моите пари“ над украинскиот претседател. Над Трамп пишува „Слушај ти, мало го*но...“, додека на местото каде што е Венс на фотографијата пишува „Ова џуџе и неговите барања...“.
„Го скрши“, напиша синот на Трамп во описот на сликата.
Nailed it pic.twitter.com/zlVtieAtF5
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) February 28, 2025
Пред таа објава, синот на Трамп објави и снимка од разговор меѓу Трамп и Зеленски на Х, заедно со натписот „Вака изгледа раководење. Америка веќе нема да биде експлоатирана.“