Тимот на Трамп го исмева Зеленски: Си замина гладен, а еве што имаше за ручек во Белата куќа

1.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тимот на Трамп го исмева Зеленски: Си замина гладен, а еве што имаше за ручек во Белата куќа

Според објавеното мени, на гостите требало да им се послужи зелена салата со домати, зелка и аспарагус, за главното јадење било подготвено пилешко со рузмарин, а за десерт – крем бруле, бобинки и колачиња од цитрус.

„Попладнево се одржа ручек со претседателот Трамп и неговиот одличен тим. Во 13 часот и 30 минути, американскиот претседател покани уште неколку членови на тимот поради вишокот места за седење“, напиша Скавино, мислејќи на отсуството на Украинците на масата.

На вчерашната средба во Белата куќа дојде до вербална пресметка меѓу Трамп и Зеленски, по што украинскиот претседател ја напушти Белата куќа, а заедничката прес-конференција беше откажана, како и потпишувањето на најавениот договор за минералните суровини на Украина.

По разговорот со Володимир Зеленски во Белата куќа, Доналд Трамп им наредил на претставниците на националната безбедност да проверат дали Вашингтон може целосно или привремено да ја прекине испораката на оружје за Киев, пишува Волстрит журнал.

Според американскиот весник, американскиот лидер сега решил да почека и да види кои ќе бидат следните чекори на Зеленски.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Трамп може да ја прекине не само директната, туку и индиректната воена помош за Украина по она што се случи.

„По спектаклот во Овалната соба, Трамп би можел да одлучи да ја прекине дури и индиректната поддршка за Киев, која вклучува и други форми на воено финансирање, обезбедување разузнавачки информации, обука на украински војници и пилоти и формирање на центар за повици во американската база во Германија“, пишува весникот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата