Силно невреме со ветер и дожд ја зафати Италија- Римини под вода (ВИДЕО)

24.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силно невреме со ветер и дожд ја зафати Италија- Римини под вода (ВИДЕО)

Бурата прво ја погоди областа Равена и Червија, а потоа со голема сила ја погоди и покраината Римини, предизвикувајќи поплави, јавува агенцијата ANSA.

Според италијанските медиуми, дрвја паѓале, а улиците се претвориле во поројни потоци во некои области, што предизвикало и тешкотии во сообраќајот.

Надлежните служби во Италија во моментов истражуваат дали невремето предизвикало посериозни штети.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата