Се запали автобус со 57 патници- загинаа најмалку 20, меѓу жртвите и деца (ВИДЕО)

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се запали автобус со 57 патници- загинаа најмалку 20, меѓу жртвите и деца (ВИДЕО)

Индискиот државен сервис NDTV објави дека автобусот превезувал 57 патници на рутата од Џајсалмер до Џодпур кога од задниот дел на возилото се појавил чад.

Возачот го запрел автобусот покрај патот, но пожарот го зафатил целото возило за неколку минути.

Покрај 20-те мртви, уште 15 патници, меѓу кои и две деца, се здобиле со сериозни изгореници, а некои имале изгореници до 70 проценти, соопшти NDTV.

Полицијата верува дека пожарот е предизвикан од краток спој во моторот на возилото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата