Саудиска Арабија и Катар финансиски ќе ги помагаат државните службеници во Сирија

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саудиска Арабија и Катар финансиски ќе ги помагаат државните службеници во Сирија

Тој не наведе детали за финансиската помош за Сирија обезбедена од Ријад и Доха.

Ал Сауд најави и дека ќе предложи Саудиска Арабија биде еден од главните поддржувачи на Сирија на патот кон обнова и економско закрепнување. Тој во Дамаск е придружуван од економска делегација на висок ниво, која со сириската страна ќе разговара за интензивирање на соработката во различни области.

- Следните денови се очекуваат неколку посети на саудиски бизнисмени на Сирија, на кои ќе се разговара за инвестиции во енергетиката, земјоделството, инфраструктурата и други сектори, посочи ал Сауд.

Тоа не е прва помош од Саудиска Арабија и Катар за Сирија. На 27 април Ријад и Доха најавија дека ќе го отплатат долгот на Сирија кон Светска банка, што изнесува околу 15 милиони долари.

Голем дел од инфраструктурата на земјата е уништена за време на 14-годишната граѓанска војна. Новите сириски власти работат на повторно поврзување со меѓународните институции за да ја поддржат обновата на земјата, да ја оживеат економијата и да обезбедат укинување на санкциите.

Сириските власти се надеваат дека богатите земји од Персиски Залив ќе помогнат во обнова на земјата. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата