Пјонгјанг оценува дека неговите воени врски со Русија го гарантираат мирот во Европа и Азија

2.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пјонгјанг оценува дека неговите воени врски со Русија го гарантираат мирот во Европа и Азија

Во последниве неколку години Москва и Пјонгјанг ја зајакнаа воената соработка, а Северна Кореја обезбеди оружје и сили за поддршка на војната на Русија против Украина.

Околу 600 севернокорејски војници се убиени, а илјадници се ранети борејќи се на страната на Русија, наведува јужнокорејски пратеник, кој се повикува на информации на разузнавачката служба на неговата земја.

Мултилатералната група за следење на санкциите, составена од Јужна Кореја, САД, Јапонија и осум други земји, во петокот ги осуди врските на Пјонгјанг со Москва како „нелегални“.

Како одговор, Пјонгјанг потврди дека неговата соработка со Москва е насочена кон „заштита на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедносните интереси на државите“, како и кон „обезбедување мир и стабилност во евроазискиот регион“.

Неименуван функционер на севернокорејското Министерство за надворешни работи ги опиша врските со Русија како „крем на меѓудржавните односи“.

Пјонгјанг и Москва би можеле „да воспостават мултиполарен светски поредок заснован на вистинско почитување на суверенитетот, еднаквоста и правдата“, рече севернокорејскиот функционер.

За возврат, Русија наводно ѝ обезбедила на Северна Кореја опрема за воздушна одбрана и противвоздушни ракети.

Северна Кореја во април првпат потврди дека распоредила сили во Русија за да ја поддржи војната на Москва во Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата