- Чекорите против Израел ќе и наштетат на интересите на Европа, објави Сар на платформата Икс.
Тој додаде дека Израел со пријателите во Европа ќе ја продолжи борбата против обидите да му се нанесе штета додека е соочен со егзистенцијална војна.
- На чекорите против Израел ќе одговориме со иста мера, а се надеваме дека тоа нема да биде потребно, истакна Сар.
Европската комисија денеска усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел, како и пакет санкции за Хамас.