Санчез ги негира обвиненијата за корупција

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Санчез ги негира обвиненијата за корупција

Неговата изјава уследи откако сенаторите почнаа да ги истражуваат наводите дека државните претставници земаат мито.

- Социјалистичката партија е партија со апсолутно чисто финансирање. Употребата на готовина е целосно легална и вообичаена во Социјалистичката партија за решавање на трошоците, секогаш со фактури, наведе Санчез.

Тој, на прашањето дали примил готовински исплати, одговори дека примил готовина „во некои ситуации“ со фактура, но дека сумата никогаш не била над 1.000 евра, законскиот лимит во Шпанија.

Сенаторите истражуваат наводи дека високи социјалистички функционери примиле мито во замена за договори за јавни работи, како и одделни истраги во кои се вклучени сопругата и братот на Санчез.

Сенатот со 266 члена е контролиран од главната опозициска Народна партија (ПП), која постојано бара оставка на Санчез и предвремени избори, обвинувајќи ја левичарската малцинска Влада за корупција. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата