– Се крена паника, се изгубија во густиот чад од оган и под украинските гранати, изјави украинскиот агент чие вистинско име The Telegraph не го спомна. До моментот кога се обиделе да го изгаснат пожарот и да ги спасат залихите со храна и оружје, огнот веќе го зафатил поголемиот дел од подземната тврдина. Многу војници се здобија со тешки изгореници.
Русинот во приказната, тврди тој, бил регрутиран од Атеш (што значи оган на кримските татарски), подземно украинско движење на отпорот. - Добро ја познавав областа бидејќи бев таму долго време. Мислам дека добро си ја завршив работата, можеби и повеќе. Резултатите ги надминаа нашите очекувања - рече тој.
Атеш тогаш на својот канал „Телеграм“ објави дека пожарот сериозно ги оштетил рововите и закопите на две единици, уништил неколку магацини и изгорел поголем дел од залихите. Околу 20 војници наводно се здобиле со тешки изгореници.
Атеш е основан од етнички Украинци, Руси и Кримски Татари во окупираниот Крим во летото 2022 година. Сега има повеќе од 2.000 борци на отпорот кои дејствуваат низ окупираните територии, како и во самата Русија, инфилтрирани длабоко во руската војска. „Постојано растеме“ - изјави портпаролот на Атеш.
Герила групата соработува со украинските разузнавачи, како и со други движења на отпорот, потпирајќи се на знаењето за земјата од локалното население и, сè повеќе, од самите руски војници, пишува Телеграф. Тие се насочени кон регрутирање на Руси кои се мобилизирани и не сакаат да учествуваат на страната на Путин.
- Речиси од самиот почеток ни се придружуваат руски војници кои помагаат во собирањето информации и на линијата на фронтот и во позадина на Крим и во Русија. Во моментов гледаме значително зголемување на бројот на руски војници кои се приклучуваат во нашите редови - рече портпаролот.
На бојното поле, рече портпаролот, Русите даваат информации за движењето на војниците, пратките со оружје и муниција, локациите на командантите и командните пунктови. Телеграф разговарале и со друг Русин, член на Атеш, кој живее на окупираниот Крим во Порт Кавказ, пристаниште во Керченскиот теснец, кој го дели полуостровот Крим од Русија.
- Ми кажаа што точно им треба. Почнав да пренесувам податоци за времето, локацијата, бројот на возила, количината на гориво, како и бројот на камиони кои превезуваат гориво и нафта и други важни податоци, објасни тој.
Телеграф пишува дека токму неговата теренска работа подготвила сè за украинскиот напад со проектили на 31 мај на фериботскиот премин и складиштето на нафта во пристаништето, како и за оној на 22 август, кога потонал траект што превезувал гориво и оружје во Крим.